Трагедија во Струмичко: Две деца загинале во сообраќајка со трактор

од Nikola Popovski

Денес во 15:15 часот две деца на возраст од 14 и 15 години го загубија животот во сообраќајна несреќа, откако тракторот на кој се превезувале се превртел и паднал во реката Струмица на локалниот пат меѓу селата Добрејци и Пиперево, потврди портпаролот на СВР-Струмица, Хризантема Рендевска.

Увид на лице место извршија јавен обвинител, увидна екипа од СВР Струмица и лекар. По констатирање на причините за смртта телата на децата се предадени на семејствата.

Се работи на целосно документирање на настанот.

Слични содржини