Трагедијата во Кочани ја одложи дебатата за Законот за употреба на јазиците

од desk4
58 прегледи

Уставниот суд денеска на работен состанок одлучи да ја одложи подготвителната седница за Законот за употреба на јазиците, која првично беше закажана за 20 март.

Судот ја зема предвид прогласената седумдневна жалост за жртвите од трагедијата во Кочани, како и траумата низ која поминуваат граѓаните и целото општество.

Датумот за одржување на седницата ќе биде дополнително утврден, а одлуката беше донесена во знак на почит кон настраданите и нивните семејства.