ТРАГИЧНИТЕ ВЕСТИ ПРОДОЛЖУВААТ: Фудбалерот Андреј Лазаров подлегна на повредите

од Vladimir Zorba
1,1K прегледи

Андреј Лазаров, членот на ФК Шкупи, им подлегна на повредите додека беше хоспитализиран во болница по синоќешниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

Скопскиот тим претходно објави дека тој е хоспитализиран во болница во Штип. Сепак, Лазаров подлегнал на повредите, заради изгореници и вдишување на чад. Имаше 25-години.

Младиот кочанчанец во текот на кариерата настапувал за хрватските клубови Горица и Рудеж, како и за Тиквеш, Работнички и Металург.

Во трагедијата која се случи синоќа, 59 лица се починати, 35 се идентификувани од кои 31 од Кочани, 4 од Штип. Меѓу починатите има и еден полицаец од Пробиштип. Бројот на повредени е 155 лица.

Слични содржини