Да имаш кадрава коса е вистински дар од природата … според луѓето кои всушност ја немаат.
Да се справиш со кадриците воопшто не е лесна работа и многу дами треба да водат постојани битки.
Средствата кои ги трошат жените со кадрава коса за производи често ги оставаат без финансии на крајот на месецот, а за времето во кое се обидуваат да ги измазнат разлетаните влакненца, можат спокојно да завршат уште некој факултет.
Борбата е тешка и денес ќе ги откриеме деталите околу неа со доза хумор – за да е полесно да ги проголтаме фактите.
1. Најголемата лага која некогаш сте ја слушнале е: “Сигурен сум дека имањето кадрава коса изгледа одлично!”
Ако е пријател или пријателка, која е со права коса, тешко можете да се доверите на оваа фраза, бидејќи не знае што значи да имаш кадрици. Ако е од фризерот – може да се соочувате со голем проблем со фризурата во иднина.
2. Никој, дури и вие понекогаш, не може да замислите колку средства бараат потребните производи
Можеби тоа е една од причините поради кои на крајот на месецот сте останале без никакви средства и морале да се ограничите.
3. Подобро да си останете дома, отколку да излезете на дожд
Високата влажност не само што ги расипува кадриците, но и ви ја прави целата коса раштркана и неодредена. Најдобро е да останете во домашни услови, барем додека не престане да врне.
4. Во раните години сте изгледале малку полошо отколку останатите
Вистината е дека треба искуство и години со експерименти, за да ја најдете најдобрата фризура и начин на третман за кадрава коса. Нормално е фотографиите како мали да се малку понепријатни за сеќавање, отколку на дамите со прави коси.
5. Разочарување е кога ќе дознаете како изгледате после секс
Да, од филмовите сме виделе многу дами со кадрава коса, кои по љубовната сцена се лежерни и некако диво секси. Вистината во реалниот живот, сепак е друга. Обично резултатот е хаос, разлетана коса насекаде.
6. Ова е вечна битка со кадриците во која вие никогаш не победувате
И имате лузни од пеглата за коса по вратот, за да докажете!
7. Никој маж нема да ви ги разбере проблемите
Не е важно колку се жалите, секогаш ќе остане неразбрани. Кој не доживеал- не знае.
8. Веќе не сте сигурни како точно изгледа природната коса
И не знаете дали тоа е лошо или добро нешто …