Трајанка го раскажа своето искуство со коронавирусот: „Се онесвестував од изнемоштеност“ (ВИДЕО)

од Берта Китинска
397 прегледи

Трајанка е една од многуте пациенти коишто го прележала Ковид – 19. Таа преку своето видео обраќање упатува апел до сите кои не веруваат во вирусот.

“Уште има луѓе кои што не веруваат и кои убедуваат дека тоа е само еден обичен грип, но јас би рекла дека не е обичен грип. Бев многу изнемоштена, веднаш ми приклучија инфузија, ми земаа брис, а вечерта стигна позитивен резултат. Така почна моето лежење во болница, а за персоналот во болницата можам да кажам само пофални зборови.“ – вели Трајанка, пациентка која што го прележала Ковид – 19 вирусот.

Трајанка порачува да се почитуваат мерките за заштита – да се држи растојание, да се носи маска и да се одржува редовно хигиена.

https://www.facebook.com/filipce.venko/videos/4171282392945147

Слични содржини