Трајанов гласаше против измените на Изборниот законик

од Nikola Popovski

Пратеникот од ДС Павле Трајанов, беше против измените на Изборниот Законик и на седницата на Парламентот одржана на 15.09.2021 година гласаше против, соопштија од неговата партија Демократски сојуз.

Во настапот на седницата, Трајанов меѓу другото нагласи: “За време на изборен процес не треба да се менуваат изборните правила,со измените се фаворизираат само четири партии (СДСМ, ВМРО -ДПМНЕ, ДУИ и АЛИЈАНСА НА АЛБАНЦИТЕ), при што тие партии имаат монопол на трошење на државни пари за изборна кампања, како и времето за кампања на телевизиите радијата,порталите итн.

-На 90% од средствата и времето за реклама на медиумите се определени за четирите партии. Со измените нема услови за рамноправен политички натпревар поради што се потребни коренити реформи на изборните правила “.

Трајанов укажа и на апсурдноста да се трошат пари на граѓаните за предизборни активности на партиите, како и финансирање на нивните редовни активности, се вели во соопштението.

Слични содржини