Трајанов: Поголемите партии кои сметаат дека ДС е мала партија, ги губат изборите

од Nikola Popovski
337 прегледи

„Демократскиот сојуз над 20 години опстојува. Подготвуваме листи во сите општини и исте опции за соработка се отворени. Ги правиме сите анализи“, изјави лидерот на ДС, Павле Трајанов за дневникот на ТВ Сител.

Според него, тешко е да сте заедно во централната власт, а на локално ниво да одите посебно.

„Поголемите партии кои што сметаат дека ДС е помала партија, ги губат изборите. Кога ние напуштаме една влада, тогаш паѓа владата. Ако сме дел од една коалиција, влечеме гласови. Ние како партија имаме соодветна тежина и голем број на гласачи“, вели Трајанов, додавајќи дека најважно е Македонија да биде една изборна единица, затоа што граѓаните тоа го бараат.

Слични содржини