Трајанов: Во личните карти да стои и крвната група на сопственикот

од Даниел Ѓорѓиевски
267 прегледи

На пленарна седница Законот за лични карти го помина првото читање. Министерот за внатрешн работи Оливер Спасовски го образложи законското решение со кое се усогласува Уставото име Република Северна Македонија. Личните карти кои го содржат натписот „Република Македонија“, издадени до денот на отпочнувањето на примената на овој закон, ќе важат до истекот на рокот на важење кој е наведен во личната карта, најдоцна до 12 февруари 2024 година.

Според Спасовски овој закон треба што поскоро да се донесе, за да можат граѓаните да ги добијат своите лични документи.

– Граѓаните добиваат термини за лични карти, се земаат сите податоци, се поднесуваат барањата итн. меѓутоа производството на личните карти сеуште не е отпочното заради носењето на ова законско решнеие за лична карта. Важно е заради граѓаните и нивниот интерес час поскоро да се донесе Заклонот за лична карта, за да може граѓаните веќе да ги добијат личните карти, за оние кои што поднеле барање, секако и сите други граѓани кои имаат потреба за вадење на овие лични документи. Со тоа што и во овој закон е дефиниран рокот на замена на личните докомунети како што тоа е направено и во делот на патните исправи. Личните карти ќе важат најдоцна до 12 февруари 2024 година. Тоа значи дека сите граѓани практично до овој рок ќе треба да ги заменат своите лични карти со нови кои ќе бидат усогласени со Уставот и со важечките законски прописи во Република Северна Македонија.

Пратеникот од Демокрлатскиот сојуз Павле Трајанов во реплика побара во личните карти да биде впишан и податокот за крвната група на носителот на овој документ.

-Имам една идеја која сакам да ја презентирам. Можеби тоа ќе може амандмански да се интервенира, евентуално во нова измена на Законот за лични калрти. Во личната карта меѓу другите податоци, можеби е добро да размислиме да стои и крвната група на носителот, односно имателот на личната карта. Ова го предлагам бидејќи настануваат сообраќајни незгодни, други несреќни случаи и кризни состојби и според мене од исклучителна важност е брзо да се интервенира да се заштити здравјето на граѓаните преку и примање на крвна плазма. Можеби Министерот за внатрешни работи, да го разгледа предлогот и да се имплементира една таква идеја во законот, рече Трајанов.

Слични содржини