Трајановски од ГРОМ ја напушти коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје

од Nikola Popovski

Советникот од партијата ГРОМ, Александар Трајановски истакна дека се повлекува од коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ на локално ниво и дека во иднина ќе дејствува како независен во Градот Скопје.

-ГРОМ одамна донесе одлука за напуштање на коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ, ова беше само спроведување на одлуката на партијата која беше донесена на 14ти јини на ЦО и ИО на ГРОМ, информира Трајановски во изјава за „Локално“.

Тој додава дека на денешната седница за советнички прашања во Советот на Град Скопје, не можел да се пријави за да постави прашање.

-Од технички аспект, не можев да се пријавам за поставување на советнички прашања без да ја се пријавам кај кординаторката на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ, а немам никаква обврска да го правам тоа по официјалното раскинување на коалицијата, рече Трајановски.

Тој во разговор за „Локално“ откако настана судирот меѓу ВМРО ДПМНЕ и Арсовска напомена дека не очекува колегите од Советот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ заедно со членството и симпатизерите да ја опструираат работата на градоначалничката, бидејќи тие имаат агитирано и гласале за програмата на Арсовска, во која има и нивни предлози и проекти.

Според него оставките на директорите и раководителите на градските претпријатија не можат да му наштетат на работењето на Градот, бидејќи како што вели тој, ќе бидат назначени нови и тековната работа ќе продолжи.

Во врска со тоа дали СДСМ треба да побара предвремени избори за градоначалник на Скопје, советникот децидно вели „ако СДСМ тргнат по логиката на Мицкоски ќе завршат во опозиција“.

Б.М.

Слични содржини