Адвокатот Јовица Страшевски, бранител на обвинетиот екс градоначалник на Гази Баба – Тони Трајковски во случајот „ТНТ“ соопшти дека неговиот клиент не може да присуствува на рочиштата поради неговата здравствена состојба.
Во судот присуствуваше и докторката Викторија Вујиќ, која сведочеше за здравствената состојба на Трајковски. На новинарите сепак не им беше дозволено да го слушнат нејзиното сведочење за состојбата на Трајковски.
Судот по сведочењето соопшти дека рочиштето за „ТНТ“ е одложено за 6 февруари.
Во изјава за медиумите, Страшевски изјави дека болеста на Трајковски е од времен карактер и дека му треба десет до петнаесет дена да одмара и да оздрави.
Во предметот „ТНТ“, кој се однесува на уривањето на објектот „Космос“ на бизнисменот Фијат Цановски, обвинети се и Миле Јанакиески и екс премиерот Никола Груевски.
И.Р.
Фото: Борче Поповски