Трајковски: Со последни сили успеав да шутнам како да беше судено да дадам гол

од Берта Китинска
475 прегледи

Уште не сме свесни што се случи вчера. Среќен сум затоа што ова го заслуживме и ние и цела Македонија, вели Александар Трајковски кој беше херојот на македонската репрезентација во вчерашниот натпревар во Палермо.

– Со последни сили успеав да шутнам, како да беше судено да дадам гол на тој стадион на кој играв четири години. Сега треба добро да се одмориме и да се подготвиме за натпреварот против Португалија која има одлични индивидуалци. Ќе биде тешко, но фудбалот донесува чуда, така беше вчера и затоа фудбалот е најпопуларниот спорт. Имаме сили да се најде на Мундијалот во Катар, вели Трајковски.

Македонската репрезентација славеше со 1:0 против Италијанците со голот што го постигна Александар Трајковски.

Трајковски, кој инаку е поранешен фудбалер на Палермо, ги шокираше Италијанците со удар од далечина во судиското продолжение, во 92. минута.

Натпреварот против Португалија го играме во вторник од 20:45 часот.

Слични содржини