Трамп: Ако бидам избран за претседател, на Зеленски ќе му кажам „доста е“

од Stefanija Kuzmanovska

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп, зборувајќи за тоа како ќе стави крај на конфликтот во Украина доколку биде избран за шеф на државата, рече дека има намера да му каже „доста е“ на Володимир Зеленски.

На Зеленски би му рекол: „Доста е, мора да се договорите“, рече тој во интервју за „Фокс њуз“.

Трамп истакна дека има „многу добри односи“ и со Зеленски и со рускиот претседател Владимир Путин и дека може да го прекине конфликтот во рок од еден ден.

Слични содржини