Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп изјави, откако канадскиот премиер Џастин Трудо поднел оставка, дека би било добро Канада да се спои со САД и дека „многу луѓе во Канада би сакале“ таа да стане 51-та американска држава.
Трамп на својата социјална мрежа „Truth“ рече дека САД повеќе не можат да ги издржат големите трговски дефицити и субвенции што и се потребни на Канада за да опстане, велејќи дека Трудо го знаел тоа и затоа поднел оставка.
„Многу луѓе во Канада би сакале да бидат 51-та земја. Соединетите Американски Држави повеќе не можат да ги толерираат големите трговски дефицити и субвенции што и се потребни на Канада за да опстане. Џастин Трудо го знаеше ова и поднесе оставка. Ако Канада се спои со САД, нема да има царини, даноците би биле многу пониски и тие би биле целосно безбедни од опасностите на руските и кинеските бродови кои постојано ги опкружуваат. Заедно, каква голема нација би била тоа!!!“, напиша Трамп, цитиран од канадскиот јавен сервис Би-Би-Си.
Канадскиот премиер Трудо поднесе оставка вчера како премиер и шеф на Либералната партија, поради зголемениот притисок од неговата партија, со што заврши неговото деветгодишно раководење со партијата.