Трамп ангажираше нови адвокати за одбрана во процесот на отповикување во Сенатот

403 прегледи

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп ангажираше двајца нови адвокати за своја одбрана неколку дена пред процесот на отповикување во Сенатот.

Трамп синоќа објави дека одбраната ќе ја водат Дејвид Шон и Брус Л. Кастор Јуниор.

Во изјавата на Доналд Трамп се вели дека поранешниот претседател и адвокатите се согласуваат дека отповикувањето е неуставно.

Одлуката за ангажирање на нови бранители беше објавена откако петмина адвокати се повлекоа од одбраната поради несогласувања за тоа како да се постапи понатаму.

Трамп сакаше адвокатите да продолжат да ја бранат тезата за масовно проневера на претседателските избори што ги освои демократот Џо Бајден, наместо да се концентрира на законитоста на постапката за отповикување на претседател кој не е на оваа функција.

Судењето на Трамп за „поттикнување мотивација“ по упадот на приврзаниците на поранешниот претседател во Конгресот на 6 јануари, треба да започне на 9 февруари.

Слични содржини