Трамп: Бајден го доведе светот на работ на трета светска војна

од Stefanija Kuzmanovska
130 прегледи

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп смета дека сегашниот лидер Џо Бајден го довел светот на работ на третата светска војна.

Трамп истакнува дека конфликтот меѓу Русија и Украина немаше да се случи доколку тој беше избран за претседател во 2020 година.

„Џо Бајден не доведе до работ на третата светска војна. Ние сме на работ на трета светска војна, доколку некој не знае“, рече Трамп на митинг во Јужна Каролина.

Ова е еден од првите митинзи на Трамп по неговата најава дека има намера да се кандидира за претседател во 2024 година.

Трамп посочи дека како претседател ќе го врати мирот на сила.

Според неговите зборови, „дури и сега“ би можел да склучи „мировен договор“.

„Би организирал преговори за мировен договор во рок од 24 часа“, рече Трамп.

Слични содржини