Американскиот претседател Доналд Трамп го обвини неговиот претходник Џо Бајден за конфликтот меѓу Русија и Украина, нагласувајќи дека непријателствата никогаш немаше да се случат под негово водство.
„Не гледам начин како една земја во позиција на Русија би можела да им дозволи, само во нивната позиција, да им дозволи да влезат во НАТО. Не гледам дека тоа ќе се случи“, рече американскиот претседател во четвртокот.
„И долго пред претседателот (Владимир) Путин, Русија беше многу силна во тоа. Верувам дека тоа е причината зошто започна војната, бидејќи Бајден излезе и рече дека можат да влезат во НАТО, а тој не требаше да го каже тоа“, кажа Трамп.
Да потсетиме, лидерите на земјите-членки на НАТО никогаш неѝ ветиле на Украина дека ќе стане членка на Алијансата доколку склучи мировен договор со Русија, изјави денеска генералниот секретар на алијансата Марк Руте.
„Мораме да се погрижиме (рускиот претседател) Владимир Путин никогаш повеќе да не се обиде да ја нападне Украина, тоа е од клучно значење… но никогаш немаше ветување за Украина дека како дел од мировниот договор ќе стане дел од НАТО“, изјави Руте за новинарите, пренесе Ројтерс.