Трамп: Бајден ќе стане претседател на САД, доколку докаже дека неговата победа не е резултат на измама

од Vladimir Zorba

Кандидатот на Демократската партија, Џо Бајден ќе стане претседател на САД, само доколку успее да докаже дека неговата победа на претседателските избори не е резултат на измама, изјави кандидатот на Републиканската партија и американскиот претседател во заминување Доналд Трамп.

Тој на Твитер напиша дека голема измама се случила во Детроит, Атланта, Филаделфија и Милвоки.

„Бајден може да влезе во Белата куќа како претседател само ако докаже дека неверојатни 80.000.000 гласови не биле освоени незаконски и со измама. Кога ќе погледнете што се случи во Детроит, Атланта, Филаделфија и Милвоки – огромна измама на гласачкото ливче – тој има голем нерешлив проблем“, потенцира Трамп.

Твитер за објавата на Трамп напиша дека содржи контроверзни обвинувања за изборни измами, јави ТАСС.

Трамп претходно изјави дека ќе ја напушти Белата куќа доколку Изборниот колеџ гласа за Џо Бајден за претседател, што е досега најблиската изјава за признавање на поразот на изборите, иако тој сè уште тврди дека има голема измама во гласањето.

Слични содржини