Трамп: Бајден застанува на страната на терористите и го води светот во Трета светска војна

од Nikola Popovski
193 прегледи

Поранешниот претседател на САД и победникот на републиканските прелиминарни избори и се поизвесен претседателски кандидат, Донал Трамп го критикувал актуелниот претседател Џозеф Бајден што ја условува испораката на оружје и поддршката за Израел со воздржување од „целосна инвазија“ на градот Рафах.

Трамп го обвинил Бајден дека е на страната на палестинскиот екстремистички Хамас, јавуваат израелските медиуми.

Трамп на социјалните мрежи напишал дека „Криминалецот Џо е на страната на терористите“, алудирајќи на Хамас, наведувајќи и дека Бајден „застанува на страната на радикалните толпи кои ги зазедоа кампусите, бидејќи неговите донатори ги финансираат“.

„Бајден е слаб, корумпиран и го води светот директно во Трета светска војна“, истакнал поранешниот американски лидер, повторувајќи дека војната меѓу Израел и Хамас немала да започне доколку тој бил претседател.

Бајден изјави синоќа дека неговата земја нема да го снабдува Израел со оружје што би можело да се искористи за да се изврши „целосен напад“ врз Рафах, последното упориште на Хамас во Газа, поради загриженост за животите на повеќе од милион цивили кои се засолнија во најјужниот град.

Бајден во интервју за Си-Ен-Ен порача дека САД остануваат посветени на одбраната на Израел, на кој ќе му испратат ракети-пресретнувачи „Железна купола“ и друго одбранбено оружје, но доколку Израел „замине“ во Рафах, Вашингтон нема да го снабдува со офанзивно оружје.

Слични содржини