Трамп бесен на медиумите поради наводите дека Виткоф чекал 9 саати да се сретне со Путин

од Vladimir Zorba
663 прегледи

Американскиот претседател Доналд Трамп остро ги критикуваше медиумите поради информациите дека неговиот специјален пратеник Стивен Виткоф наводно чекал девет часа за да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин.

Трамп ги нарече таквите тврдења „лажни вести“ и ги окарактеризира медиумите кои ги шират како „болни дегенерици“.

На својата социјална мрежа Truth, Трамп напиша: „Повторно лажни вести, како и обично! Зошто не можат да бидат искрени еднаш? Синоќа прочитав дека рускиот претседател Владимир Путин го натерал мојот специјален пратеник Стивен Виткоф да чека девет часа. Тоа се болни дегенерици кои треба да почнат да објавуваат точни вести“.

Тој нагласи дека немало чекање, а целта на ваквите наводи е „понижување“.

Трамп понатаму нагласи дека средбите со руските претставници биле продуктивни: „Имаше и други состаноци на кои им требаше одредено време, но беа многу успешни. Од тој момент сè започна брзо и ефикасно, а сите показатели се многу добри“, заклучи американскиот претседател, отфрлајќи ги наводите за застој во преговорите.

Слични содржини