Претседателот на САД Доналд Трамп денеска ја уверуваше американската јавност дека кинеската армија не се замешала во задушување на продемократските протести во Хонг Конг само затоа што тој тоа го побарал од својот кинески колега Си Џингпин, пренесоа светските агенции.
-Без мене Хонг Конг ќе беше смачкан за 14 минути. Тој (Си Џингпин) има еден милион војници на позиции околу Хонг Конг и тие не отидоа во градот само затоа што јас тоа го побарав од него, рече Трамп во телефонско интервју за програмата „Foks and friends“ на телевизијата Фокс њуз.