Трамп: Блумберг е несомнено најголемиот губитник на „Супер вторник“, Ворен сега може да седне со сопругот и да пие пиво

од Nikola Popovski

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека милијардерот Мајкл Блумберг е несомнено најголемиот губитник во изборот за демократски кандидат за претседател во „Супер вторникот“.

“Најголемиот губитник на вечерта е несомнено Мајкл Блумберг. Неговите” политички “консултанти го измамнија. Седумстотини милиони долари беа фрлени. Се што доби за нив беше прекарот Мини Мајк и целосно уништена репутација. Само напред Мајк”, напиша Трамп на Твитер.

Тој исто така го коментираше резултатот на Елизабет Ворен.

“Елизабет Покахонтас Ворен, вториот мини Мајк, е уште еден губитник на вечерта. Таа дури и не се приближи во гласовите, за да ја добие сопствената држава Масачусетс. Па, сега може да седне со сопругот и да испие по некое добро, ладно пиво”, напиша Трамп.

Блумберг, кој собра 500 милиони американски долари во кампањата за „Супер вторник“, за време на кој гласачите во 14 држави од САД бираат кандидатот за претседател од Демократската партија за изборите во ноември, успеа да победи само во Американска Самоа, освојувајќи само шест делегати.

Поранешниот потпретседател на САД, Џоозеф Бајден, освои девет големи држави, меѓу кои и Тексас, но неговиот главен ривал, сенаторот од Вермонт, Берни Сандерс, освои четири, меѓу кои и Калифорнија, која има најмногу делегати. Неофицијалните резултати покажуваат дека Бајден ќе освои најмалку 247 делегати, Сандерс најмалку 179, Елизабет Ворен девет, Блумберг осум и Тулси Габард еден.

Слични содржини