
Земјотресот Трамп
На 8 ноември милијардерот републиканец Доналд Трамп, 70-годишен популист без никакво политичко искуство, беше избран за претседател на САД. Тој ја победи демократката Хилари Клинтон.
Пораст на популизмот ја одбележа годината и на други места во светот – од Азија, каде Родриго Дутерте постигна во мај убедлива победа на претседателските избори на Филипините, до Европа, каде националистичките и десничарските партии се во пораст.
Brexit
На 23 јуни 52 проценти од Британците гласаа на референдум за излез на земјата од Европската унија. Премиерот Дејвид Камерон поднесе оставка и беше заменет од Тереза Меј. Таа вети дека ќе го активира пред крајот на март 2017 година членот 50 од Лисабонскиот договор, со што ќе ја започне официјалната процедура за Brexit.
Огради пред мигрантите
Од февруари “Балканскиот пат”, на кој стотици илјади мигранти стигнаа во 2015 година од Грција до Германија, е затворен.
Во март ЕУ и Турција склучија спорна трансакција што предвидува враќање во Турција на сите мигранти кои пристигнале во Грција.
Иако приливот на илегални мигранти кон Европа преку грчките острови застана, голем дел од нив сега минуваат низ Италија. Барем 4700 лица загинаа во бродови во Медитеранот или се исчезнати.
Во Франција беше уништен во крајот на октомври најголемиот бидонвил (сиромашно предградие) во земјата, познат како “џунгла”. Оттаму беа изведени седумте илјади жители.
Страдањето во Алепо
Градот Алепо, во северниот дел на Сирија, е на пат да падне целосно во рацете на провладините сили кои од 15 ноември извршуваат брзо офанзива против бунтовничките населби во источниот дел на градот. Иако Западот алармира за “воени злосторства” и ги критикува “опструкциите на Русија”, сојузникот на Башар Асад, меѓународната заедница го набљудува од страна страдањето во Алепо. Над 310 000 луѓе загинале во војната од март 2011 година.
Тероризмот
Покрај повлекувањето во Сирија, Ирак и Либија, групата “Исламска држава” ја презеде одговорноста или беше инспирација за бројни напади во светот.
Неколку западни земји, вклучувајќи ги Франција (Ница, 86 загинати), САД (Орландо, 49 загинати), Белгија (Брисел, 32 загинати) и Германија станаа жртва на крвави напади.
Во Турција, исто така беа извршувани постојано напади, припишани на “Исламска држава” или на Курдите, во кои загинаа десетици луѓе.
Западна Африка исто така не остана непроменета. Ал Каеда изврши напади во Буркина Фасо и Брегот на Слоновата Коска.
Турција – неуспешен обид за државен удар и чистки
Во ноќта на 15 наспроти 16 јули армиска фракција се обиде да го тргне од власт Реџеп Таип Ердоган. Неуспехот на обидот за преврат, припишувајќи го на проповедникот Фетхуллах Гулен кој живее во САД, овозможи на претседателот да ги заостри канџите на власта.
Свиок во Латинска Америка
По Аргентина, во 2015 година Бразил стави во август крај на 13-годишната доминација на левицата со отстранувањето од претседателската функција на Дилма Русеф заради манипулација на државните финансии и со доаѓањето на власт на центристот Мишел Темер.
Перу исто го избра во јули за претседател либералот десноцентрист Педро Пабло Кучински.
Во Венецуела, која преживува тешка економска криза, претседателот социјалист Николас Мадуро е изведен пред силна опозиција и улични демонстрации.
Смртта на Кастро
На 25 ноември почина на 90-годишна возраст Фидел Кастро – таткото на Кубанската револуција и последната голема фигура на меѓународното комунистичко движење. Тој се спротивстави на вкупно 11 претседатели на САД.
Наука
Во февруари физичари открија за првпат гравитациони бранови, чие постоење беше пророкувано од Ајнштајн во неговата општа теорија на релативноста во 1915 година.
Рок музика: солзи и награди
Рокот бил доживеа жална година поради смртта на неколку легенди како Британецот Дејвид Боуви, Американецот Принс и Канаѓанецот Леонард Коен.