Трамп: Царините се прекрасна работа

од Nikola Popovski
178 прегледи

Американскиот претседател Доналд Трамп порача среде падот на берзите ширум светот дека царините се „прекрасна работа“.

„Имаме огромни финансиски дефицити со Кина, Европската Унија и многу други. Единствениот начин на кој овој проблем може да се излечи е со царините, кои сега носат десетици милијарди долари во САД. Тие се веќе се на сила и се прекрасна работа да се видат.

Дефицитот со овие земји растеше за време на „претседателството“ на заспаниот Џо Бајден. Ќе го свртиме и тоа многу брзо. Еден ден луѓето ќе сфатат дека царините се прекрасна работа за Соединетите Американски Држави“, напиша Трамп на социјалната мрежа „Truth Social“.

Да потсетиме, азиските берзи денеска нагло паднаа, продлабочувајќи ја глобалната берзанска криза предизвикана од наметнувањето царини од страна на Трамп за речиси целиот свет, а тргувањето на јужнокорејската берза беше прекинато на пет минути бидејќи беше активиран прекинувачот за тргување дизајниран да спречи панично продавање.

Слични содржини