Трамп: Демократите ќе ги украдат изборите со Ковид-19

од Nikola Popovski
140 прегледи

Претседателот на САД, Доналд Трамп ги предупреди републиканците дека изборите во ноември може да бидат „украдени“, обвинувајќи ги демократите за „користење на Ковид за кражба на изборите“.

Трамп зборувал на првиот ден од Републиканската национална конвенција во Шарлот, Северна Каролина, откако бил повторно номиниран за републикански кандидат на претседателските избори на 3 ноември, на кои ќе се спротивстави на демократот Џо Бајден.

Американскиот претседател го повтори своето тврдење дека гласањето преку пошта, за кое се очекува да има голема улога на претстојните претседателски избори во САД, ќе доведе до широко распространета измама поради стравот на многу Американци да излезат на гласање порадиепидемијата на коронавирус.

Независни експерти за безбедност на изборите велат дека измамата на гласачите е исклучително ретка во САД, пренесува Ројтерс.

„Она што тие го прават е дека го употребуваат Ковид-19 за да ги украдат изборите. Тие го користат Ковид-19 за да го измамат американскиот народ, целиот наш народ, на фер и слободни избори“, изјавил Трамп.

„Поделби, национализам и напредок“

„Единствениот начин да можат да ги одземат овие избори од нас е ако тоа се лажни избори. Ќе ги победиме“.

Трамп исто така се фокусирал во својот говор на пораката „закон и ред“, како одговор на широко распространети протести по полициското убиство на Џорџ Флојд, Афроамериканец во Минеаполис.

Тој, исто така, ги охрабрил училиштата и деловните субјекти да се отворат и покрај пандемијата на коронавирусот.

Четиридневната Републиканска национална конвенција започна во понеделникот, а Трамп е предвидено да им се обрати на учесниците секоја вечер.

За разлика од 2016 година, Трамп влегува во претседателските избори во 2020 година со целосна поддршка од водечките републиканци, иако заостанува во анкетите во клучните држави на САД.

Конвенцијата, што се одржува во време кога епидемијата однесе животи на повеќе од 170.000 Американци, ќе биде клучна за обликувањето на пораката за кампањата на Трамп, која се потпира на културни поделби, национализам и економски напредок.

Слични содржини