Трамп: Денуклеаризацијата на Северна Кореја нема рок

од desk2

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека не е поставен рок за денуклеаризација на Северна Кореја, но истата ќе почне „многу брзо“.


– Разговорите продолжуваат и се одвиваат многу, многу добро, истакна Трамп, додавајќи оти „односите се многу добри“. Според него нема „притисок“ ниту рок бидејќи се работи за „процес“.

На средбата на 12 јуни во Сингапур помеѓу Трамп Ким Џонг-ун, севернокорејскиот лидер ја „потврди својата посветеност на целосна денуклеаризација на Корејскиот Полуостров“.

Но, не беше прецизиран начинот на кој тоа ќе се реализира, а деталите се оставени на преговарачите. Месец дена подоцна не е објавен никаков конкретен напредок, а Северна Кореја ги осуди американските „еднострани и алчни барања“.

Администрацијата на Трамп пред Самитот во Сингапур тврдеше дека денуклеаризацијата ќе почне „без одложување“, а потоа дека ќе почне „многу брзо“. Државниот секретар Мајк Помпео на 13 јуни оцени дека суштинското нуклеарно разоружување“ на Северена Кореја ќе се случи до крајот на мандатот на Трамп во 2020 година.

Слични содржини