Претседателот на САД, Доналд Трамп, иако во јавноста честопати настапуваше критички кон Украина, приватно го поттикнувал својот украински колега Володимир Зеленски да ги интезивира нападите длабоко во руска територија и дури го прашал дали може да ја нападне Москва ако САД на Украина ѝ обезбеди оружје со долг дострел, јави „Фајненшел Тајмс“, повикувајќи се на извори упатени во разговорите.
Весникот наведува дека информациите ги добил од две лица запознати со разговорот на Трамп и Зеленски, не потенцирајќи „од која страна биле тие“.
Би-Би-Си денеска објави интервју со американскиот претседател, во кое тој изразува длабока разочараност од несериозноста на неговиот руски колега Владимир Путин.
Трамп за Би-Би-си: Разочаран сум од Путин, ама уште не сум се откажал од него