Трамп доаѓа во Европа како прво патување по победата

од Nikola Popovski
29 прегледи

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп најави дека во сабота ќе присуствува на отворањето на реновираната катедрала Нотр Дам во Париз, што ќе биде негово прво патување во странство по победата на ноемвриските избори, пренесува Ројтерс.

Париската катедрала Нотр Дам, ремек-дело на готската архитектура од 12 век, која беше тешко оштетена во пожар пред пет години, е реновирана и од викендот повторно ќе биде достапна за туристите.

„Претседателот Емануел Макрон направи прекрасна работа за да ја врати катедралата Нотр Дам со сета своја слава, па дури и повеќе. Тоа ќе биде посебен ден за секого!“, објави Трамп на друштвената платформа „Truth Social“.

Шест илјади француски полицајци и членови на специјалните сили ќе бидат распоредени за обезбедување на церемонијата на повторното отворање на катедралата Нотр Дам во Париз, соопштија властите на француската престолнина.

На церемонијата ќе присуствуваат 50 шефови на држави и влади.

Слични содржини