Американскиот претседател Доналд Трамп добил терапијата со антитела „Регенерон“, се вели во дописот на лекарот на претседателот.
„Од ова попладне, претседателот се чувствува уморен, но е добро расположен. За него се грижи тим експерти и заедно ќе најдат препораки за најдобар третман, исто како и за првата дама”, напишал докторот, а пренесува Си-Ен-Ен.
Во писмото се наведува и дека Меланија Трамп се чувствува добро и дека има само лесна кашлица и главоболка, додека остатокот од семејството има негативни наоди на Ковид-19.
Трамп во текот на денот потврди дека тој и неговата сопруга се позитивни на коронавирус и се во карантин, додека неговиот против кандидт Џо Бајден се тестирал и е негативен.
Се претпоставува дека претседателскиот брачен пар се заразил од нивната советничка, Хоуп Хикс.
Хикс (31) работи за Трамп од 2014 година и моментално е во улога на извршен директор за односи со јавност.