Трамп: Доколку ме стават во куќен притвор, американската јавност нема да го толерира тоа

од Vladimir Zorba
521 прегледи

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп денеска изјави дека доколку биде ставен во домашен притвор, тоа ќе биде „точка на вриење“ за американската јавност, која, според него, „не би го толерирала“.

„Не сум сигурен дека јавноста би го толерирала тоа. Мислам дека тоа би било премногу за јавноста да го проголта. Во одреден момент би достигнала точка на вриење“, рече Трамп во интервјуто за Фокс њуз што се емитуваше денеска.

Поротата на Окружниот суд на Менхетен на 31 мај го прогласи Трамп за виновен за фалсификување деловни документи за да ги прикрие исплатите на порно актерката Сторми Даниелс пред изборите во 2016 година, која тврди дека имала афера со него.

Слични содржини