„ТРАМП Е ТАКА ИЗЛЕЧЕН ОД КОРОНА“: Имунолог ја открива иднината на лекувањето – антителата како лек!

од Nikola Popovski
589 прегледи

По веста дека меѓународен тим научници од Техничкиот универзитет во Брауншвајг, во соработка со Центарот за инфективни истражувања, објавија напис во научното списание „Nature Communications“ за развој на специфични антитела против коронавирусот, веста ја коментира почитуван меѓународен вирусен имунолог.

Имено, Лука Чичан-Шаин, вирусен имунолог, кој моментално работи во Центарот за истражување на заразни болести во Брауншвајг, и кој е по потекло од Хрватска, ја коментирал оваа вест за Дневникот на ХТВ.

– Ова не е вакцина, туку стратегија која во основа делува како лек, така што антителата ќе можат да се даваат на луѓето кои страдаат од Ковид-19, а не превентивно, како што е случајот со вакцината – објаснува Лука Чичан-Шаин.

Како што понатаму објасни, антителата се земаат од лица кои ги имаат, се воведуваат во епрувета и потоа може да се дадат на други кои сè уште не развиле такви антитела. Ова го неутрализира вирусот и на тој начин му дава на телото можност да се брани од инфекција.

Овој принцип треба да функционира и кај други инфекции, вели тој.

– Ние секако не сме први кои развиваат антитела, има и други тимови. Познато е дека Доналд Трамп примал терапија со антитела и кога се разболел, а тоа веројатно му помогнало, но веста е дека тие антитела ги добивме од серумот на лица многу пред да се појави пандемијата. Ова се серуми добиени во 2018 и 2019 година, кога вирусот дури и не постоел. Од нив ги издвоивме оние антитела кои го препознаваат вирусот, кои се во состојба да го неутрализираат и тоа е вредноста на нашата идеја. Не мора да чекаме некој да направи антитела за да ги изолира од веќе заразени лица, но штом се појави пандемија, можеме да го искористиме овој метод за да ги изолираме антителата од волонтери кои никогаш не биле заразени и многу брзо започнале да развиваат лек што може да го контролира вирусот. Поентата е во брзината на дејствување против новите пандемии – нагласил проф. Чичан-Шаин.

Слични содржини