Трамп ги информира европските лидери за средбата со Путин

од Vladimir Zorba
7 прегледи

Претседателот на САД, Доналд Трамп, се јави кај претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лејен, и кај лидерите на земјите-членки на ЕУ за да ги информира за средбата со рускиот претседател Владимир Путин, изјави портпарол на ЕК.

Италијанската премиерка Џорџија Мелони изјави дека учествувала во телефонскиот разговор меѓу Трамп и европските лидери по неговиот самит со рускиот претседател во Алјаска, објави Анса.

Тричасовната средба меѓу претседателите на САД и Русија заврши со најави за иден договор, но без конкретни детали за тоа за што се согласиле двајцата лидери.

Слични содржини