Илјадници приврзаници на американскиот претседател Доналд Трамп се собраа денес во Вашингтон на протест пред одржување на седницата на Конгресот.
Во тие прилики, се уште актуелниот претседател на САД им се обрати на насобраните, кој рече дека демократите „ги наместиле изборите како никогаш порано“.
„Тие ги лажираа изборите како никогаш порано, а не направија ниту лоша работа синоќа. Никогаш нема да се предадеме и повеќе нема да го толерираме ова! Ќе ја запреме кражбата! Убедливо победивме“, рече Трамп.
Вкупно 535 членови на Конгресот, составени од Сенатот и Претставничкиот дом, ја започнуваат својата седница во еден часот попладне по локално време. Со седницата претседава сегашниот потпретседател на државата и претседател на Сенатот, Мајк Пенс.
Ова е една од последните процедури за проверка на резултатот од изборниот процес во САД, што е пропишан со американскиот устав.
Според резултатите од Изборниот колегиум, кои беа усвоени од тоа тело на 14 декември, беше потврдена изборната победа на демократскиот кандидат Џо Бајден над републиканскиот кандидат и сегашниот претседател Доналд Трамп.
Врз основа на тие резултати, новоизбраниот претседател Бајден освои 306 изборни гласови наспроти 232-те на Трамп, објави Гласот на Америка.
Спротивставување на конгресната потврда за гласањето на Изборниот колеџ објавија повеќе од стотина републикански конгресмени во Претставничкиот дом и 13 членови на Сенатот.
https://www.youtube.com/watch?v=IvJVZAxJE8Y