Американскиот претседател Доналд Трамп нареди да се декласифицираат документите поврзани со истрагата за наводна интервенција од страна на Русија на претседателските избори во 2016 година, објавија локалните медиуми.

Портпаролот на Белата куќа Сара Сандерс прецизира дека претседателот одлучил врз основа на “барањето на голем број конгресни комисии и поради причини поврзани со транспарентноста “.

Меѓу документите се и текстуални пораки на поранешниот директор на ФБИ Џејмс Коми, датотеки што се однесуваат на актуелни и поранешни вработени во Министерството за правда, како и тајни  материјали поврзани со следење на Картер Пејџ, поранешен советник на Трамп за време на предизборната кампања.

Трамп неодамна го обвини специјалниот пратеник Роберт Мулер за “обид да ги повреди” републиканците пред делумните избори во ноември. Тој, исто така, истакна дека “ако   рускиот  лов на вештерки не бил  “, економијата на САД би функционирала многу подобро.