Трамп ги отфрли обвинувањата за силување: „Тоа е најсмешна и најодвратна приказна“

од Stefanija Kuzmanovska

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп ги отфрли обвинувањата на авторката и новинарка Елизабет Џин Керол дека ја силувал во стоковна куќа на Менхетен, нарекувајќи ги обвинувањата „најсмешна и најодвратна приказна“.

На видеото кое беше прикажано пред судот на Менхетен, Трамп рече дека наводите се измислени и дека нападот никогаш не се случил.

„Да се ​​случеше тоа, ќе беше пријавено за неколку минути“, рече Трамп, додавајќи дека клиентите и вработените во многу зафатената продавница ќе слушнале нешто и ќе ги предупределе властите, пренесува АП.

Слични содржини