Трамп ги враќа ограничувањата во трговијата и туризмот со Куба

од Vladimir Zorba
94 прегледи

   Американскиот претседател Доналд Трамп ќе објави денеска мерки со кои ќе се вратат ограничувањата во сферата на туризмот и трговијата со Куба.

Трамп ќе објави нова политика спрема Куба во говор во Мајами каде има голема кубанска дијаспора.

Се очекува тој да укине некои од одлуките на претходниот претседател Барак Обама за постепено нормализирање на односите со Куба.

Според високи претставници на Белата куќа, Трамп ќе објави забрана за трговски зделки на американски бизнисмени со кубански фирми контролирани од армијата на Куба. Трамп ќе објави и мерки за построги ограничувања на туристичките посети на граѓани на САД во Куба.