Тајгер Вудс го заслужи претседателскиот медал на слободата за неговото епско враќање и победа
на „Мастерс“ турнирот во голф. Церемонијата се одржа во Белата куќа.

Трамп го пофали Вудс за неговата „немилосрдна волја за победа, победа, победа!“, пренесе АФП.
„Овие квалитети го отелотворуваат американскиот дух за надминување на границите и залагање за
величина“, рече претседателот.
Вудс плачеше додека се заблагодари на мајка си и на своите две деца за време на церемонијата во
Белата куќа.
„Сте виделе (во мене) добро и лошо, врвот и дното“, рече Вудс, кој се бореше со повреда за да ја
освои својата прва голема титула минатиот месец од 2008 година.