Поранешниот американски претседател Доналд Трамп го повика актуелниот претседател Џо Бајден да поднесе оставка поради случувањата во Авганистан, каде Талибанците ја преземаа контролата врз земјата по повлекувањето на американските сили.
Во изјавата, Трамп рече дека е време Бајден да поднесе оставка поради она што дозволи да му се случи на Авганистан, зголемувањето на бројот на луѓе кои страдаат од корона вирусот, уништувањето на енергетската независност на САД и осакатување на економијата, пренесе „NY Post“.
Вчера, по брзата офанзива во која тие го освоија поголемиот дел од Авганистан, Талибанците влегоа во главниот град Кабул и го подигнаа знамето во претседателската палата.
Претседателот Ашраф Гани ја напушти земјата, пренесе „Спутник“.