Трамп го повтори ставот за НАТО, но го промени мислењето за Путин

од Stefanija Kuzmanovska
264 прегледи

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп повтори дека, доколку се врати во Белата куќа, нема да брани членка на НАТО која не ги исполнува своите обврски кога станува збор за трошење пари за одбраната, неколку дена откако предизвика „аларм“ во Европа, како и критики во Белата куќа.

Говорејќи на митинг во американската држава Јужна Каролина, каде што на 24 февруари ќе оди на републиканските избори за номинација на претседателските избори во САД, тој ја повтори својата приказна за наводниот разговор што го имал со лидерот на „една голема земја“.

Овој пат, според АП, тој ја испуштил реченицата која предизвика најголем гнев кај западната јавност, во која „ја охрабрува Русија да прави што сака“.

„Слушајте, ако не платат, нема да ги заштитиме. Дали е тоа во ред?“, запраша Трамп.

Тој, исто така, ги смени коментарите за рускиот претседател Владимир Путин, кого често го фалеше како „цврст“ и претходно велеше дека го третира како „зеница во окото“.

Наместо тоа, Трамп го наведе интервјуто кое Путин го даде за руската државна телевизија во средата, во кое тој рече дека повеќе би сакал Бајден да биде претседател.

„Путин не е мој обожавател, гледате“, рече Трамп.

Слични содржини