Трамп го скрати 50-дневниот рок за Русија да ја прекине војната во Украина – но не кажа за колку

Трамп, сепак, не прецизираше за колку „го скратил“ рокот за прекин на огнот.

од desk2
22 прегледи

Претседателот на САД, Доналд Трамп, денеска изјави дека го „намалува“ 50-дневниот рок што го даде на Русија за ставање крај на војната во Украина, порачувајќи повторно дека е разочаран од неговиот руски колега Владимир Путин, јавија светските новински агенции.

Трамп, сепак, не прецизираше за колку „го скратил“ рокот за прекин на огнот.

„Разочаран сум од претседателот Путин“, рече Трамп пред средбата со британскиот премиер Кир Стармер во Шкотска.

„Ќе ги намалам тие 50 дена што му ги дадов, на помала бројка“, рече Трамп кратко.

Слични содржини