Трамп и Путин разговарале за брзо решение на војната во Украина

од Vladimir Zorba
151 прегледи

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп разговарал во четвртокот со рускиот претседател Владимир Путин за војната во Украина, објави Вашингтон тајмс.

Трамп му се јави на Путин од неговото одморалиште на Флорида и го советувал да не го интензивира конфликтот со Украина. Според извори на Вашингтон пост, кои сакале да останат анонимни, Трамп го потсетил Путин на силното американско воено присуство во Европа.

– Разговорот беше фокусиран на постигнување мир во Европа, а Трамп изрази интерес за дополнителни разговори за брзо решение на војната во Украина – тврдат извори.

Трамп за време на кампањата изјави дека веднаш ќе стави крај на војната во Украина, иако не прецизираше како има намера да го стори тоа.

Тој приватно предложил можност за договор кој ќе и овозможи на Русија да задржи дел од освоената територија, а во разговорот накратко го спомнал и прашањето за територија, велат извори за весникот.

Слични содржини