Поранешниот американски претседател Доналд Трамп има нов план за борба против отповикувањето, за кое треба да расправа Сенатот. Трамп ќе им се закани на републиканците, кои би можеле да гласаат против него во Сенатот, со основање на нова партија, но исто така ќе ги поддржи своите кандидати против републиканците на следните избори.
Сенатот ја закажа расправата за отповикување на Доналд Трамп за почетокот на февруари и иако му истече мандатот, одлуката на сенатот против поранешниот претседател може да ги доведе во прашање неговите идни активности и можна кандидатура на следните претседателски избори.
Затоа Трамп, кој е обвинет за поттикнување бунт во предлогот за отповикување, усвоен во Претставничкиот дом на Конгресот, е подготвен да се бори со цел да ги убеди неговите сопартијци да не им се придружуваат на демократите во гласањето против него, пишува „Вашингтон пост“.
За да биде отповикан Трамп, 17 републикански сенатори треба да им се придружат на демократите, така што предлогот за отповикување може да добие двотретинско мнозинство во Сенатот во кој силите се поделени 50:50, додека решавачкото гласање го има претседателот, американскиот потпретседателката Камала Харис.
Според „Вашингтон пост“, повикувајќи се на неофицијални извори, Трамп е подготвен да ги поддржи сопствените кандидати во номинациите на републиканците за изборите во Конгресот, со цел да ги убеди сенаторите да не гласаат против него.
Исто така, според американскиот весник, постои закана дека Трамп ќе започне своја партија, што би имало поразителен ефект врз веќе поделената Републиканска партија. Трамп има на располагање 70 милиони долари преостанати од претседателската кампања за да ги поддржи неговите намери, пишува весникот.
Претставничкиот дом на американскиот конгрес го усвои барањето за отповикување на Трамп, под обвинение за бунт, поради немирите на 6 јануари, кога неговите приврзаници упаднаа во зградата на конгресот во Вашингтон.
Расправата во Сенатот е закажана за почетокот на февруари и не е јасно дали и колку републикански сенатори ќе се приклучат на гласањето за отповикување на Трамп, бидејќи некои, како Марко Рубио, јасно го искажаа своето спротивставување, додека други, како Мит Ромни, остави можност за гласање за отповикување.