Поранешниот американски претседател Доналд Трамп во интервју за „Фокс њуз“ го објасни својот план за завршување на украинскиот конфликт за 24 часа.
„Како што знаете, многу добро се согласувам со Путин. Би му рекол: Мораш да го поправиш ова. На Зеленски би му кажал: Мора да го решиш ова. На едниот би му рекол дека ќе добие многу пари, а на другиот дека нема да добие пари. Би склучил договор за 24 часа“, рече Трамп.
Тој нагласи дека украинскиот конфликт „никогаш не требало да се случи“.
Поранешниот американски лидер укажа на деструктивната природа на конфликтот меѓу Русија и Украина и додаде дека верува дека негова задача е веднаш да го прекине.
„Сега имате стотици илјади мртви. Градовите беа уништени и урнати. Не знам дали некогаш сте виделе градови по ракетно гранатирање. Толку е страшно“, заклучи Трамп.
Поранешниот американски лидер веќе ветил дека може да го запре крвопролевањето во рок од 24 часа по телефонски разговор со Владимир Путин и Владимир Зеленски, пренесува „Танјуг“.