За време на интервјуто на американскиот претседател Доналд Трамп за телевизиската мрежа Еј-Би-Си, во еден момент се слушнало кашлање во позадина, поради што првиот човек на САД го прекинал разговорот.
Американскиот претседател беше среде објаснување за неговите даночни проблеми кога се слушнало кашлање од непознат човек. Изиритираниот Трамп веднаш го прекинал разговорот и му наредил на тоа лице веднаш да го напушти Овалниот кабинет.
– Тој кашла среде мојот одговор. Тоа не ми се допаѓа. Ако кашлате, ве молам, напуштете ја просторијата, рече претседателот на САД.
Pres. Trump says he “might” turn over his “financial statement” to Congress.
“I hope they get it, because it’s a fantastic financial statement,” he tells @GStephanopoulos in the Oval Office. https://t.co/8q0FwFD9qt pic.twitter.com/fw1tIc0vxO
— ABC News (@ABC) June 17, 2019
Подоцна се дозна дека лицето кое кашлало бил шефот на кабинетот на Трамп, Мик Малвејни.