Трамп искрен: Путин можеби нема да сака да склучи договор за Украина
Претседателот на САД, Доналд Трамп, денеска изјави дека се надева оти неговиот руски колега ќе продолжи по патот кон завршување на војната во Украина, но призна дека Владимир Путин можеби нема да сака да склучи договор.
„Искрено, не мислам дека ќе има проблем. Мислам дека Путин е уморен од тоа. Мислам дека сите се уморни, но никогаш не се знае“ рече Трамп во интервју за Фокс њуз.
Тој во петокот се сретна со рускиот колега Владимир Путин, а вчера со претседателот на Украина, Володимир Зеленски, врвот на ЕУ и НАТО, како и највисоките претставници на најважните европски земји – Германија, Франција, Велика Британија, Италија.
Претседателот на САД вели дека треба да се почека за да се види конечниот исход.
„Ќе дознаеме во следните две недели (што мисли претседателот Путин). Можеби не сака да склучи договор, рече американскиот претседател, додавајќи дека ако тоа се случи, неговиот руски колега ќе се најде во „тешка ситуација“.