Трамп: Испраќањето касетна муниција во Украина може да доведе до Трета светска војна

од Stefanija Kuzmanovska

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп ја осуди одлуката на актуелниот американски претседател Џозеф Бајден да испрати касетна муниција во Украина, како дел од новиот пакет помош за таа земја, и предупреди дека таквиот потег може да доведе до Трета светска војна.

„Џозеф Бајден не треба да нè влече кон Трета светска војна со испраќање касетна муниција во Украина – тој треба да се обидува да стави крај на војната и да ја запре ужасната смрт и уништување предизвикани од неспособната администрација“, изјави Трамп.

Тој додаде дека неексплодираната касетна муниција „ќе убива и осакати невини украински мажи, жени и деца во наредните децении, долго по војната“, објави американски Ен-Би-Си.

Слични содржини