Трамп излезе од болница: „Научив многу“ (ВИДЕО)

од Nikola Popovski
142 прегледи

Претседателот на САД, Доналд Трамп, за кратко ја напушти болницата во која се лекува од коронавирус и излегол да ги посети насобраните граѓани.

На снимката се гледа Трамп со маска за лице како им мавта на толпата од автомобилот.

Се разбира, претходно, тој објави изненадување на Твитер за оние кои чекаат вести за неговата состојба пред болницата Валтер Рид.

По тој повод, тој исто така рече дека научил многу за Ковид-19, дека е вистинско искуство и дека сè уште има намера да зборува за тоа.

„Ова е многу интересно патување. Научив многу“, рекол тој, додавајќи дека додека бил во болница, успеал да се сретне со „некои од војниците и исклучителните работници“.

Слични содржини