Трамп: Израел треба да ги нападне иранските нуклеарни постројки

од Vladimir Zorba
150 прегледи

Поранешниот американски претседател и републикански претседателски кандидат Доналд Трамп смета дека Израел треба да ги нападне иранските нуклеарни постројки како одговор на неодамнешниот ракетен напад на Иран.

Трамп ова го изјави во петокот на предизборен митинг во американската сојузна држава Северна Каролина, коментирајќи ја изјавата на американскиот претседател Џозеф Бајден дека нема да поддржи никакви израелски напади врз иранските нуклеарни локации како одговор на ракетниот напад на Иран врз Израел, пренесува Фокс њуз.

„Тие го прашаа што мислите за Иран, дали би го нападнале Иран? И вели: „Се додека не ги погодат нуклеарните постројки“. Тоа е објектот што сакате да го погодите, нели?“, рече Трамп на митинг во градот Фајетвил, каде што се наоѓа голема американска воена база.

Слични содржини