Американскиот претседател Доналд Трамп и честиташе на германската конзервативна Христијанско-демократска унија (ЦДУ/ЦСУ) за изборната победа.
„Граѓаните на Германија, како и граѓаните на Соединетите Американски Држави, се уморни од агендата без здрав разум што преовладува долги години, особено во областа на енергијата и имиграцијата“, порача Трамп во објавата на социјалната мрежа „Х“.
Тој им честиташе на сите, посакувајќи им многу победи.
„Ова е одличен ден за Германија, но и за Соединетите Американски Држави, предводени од господинот Доналд Џеј Трамп“, порача американскиот претседател.
LOOKS LIKE THE CONSERVATIVE PARTY IN GERMANY HAS WON THE VERY BIG AND HIGHLY ANTICIPATED ELECTION. MUCH LIKE THE USA, THE PEOPLE OF GERMANY GOT TIRED OF THE NO COMMON SENSE AGENDA, ESPECIALLY ON ENERGY AND IMMIGRATION, THAT HAS PREVAILED FOR SO MANY YEARS. THIS IS A GREAT DAY…
— Donald J. Trump Posts From His Truth Social (@TrumpDailyPosts) February 23, 2025
Изборите за 630 пратеници во Будестагот се одржуваат во време кога доминира загриженоста за повеќегодишната стагнација на економијата во земјата, зголемениот притисок за ограничување на миграцијата, но и растечката неизвесност за одржување на стратешкото сојузништво со САД и за иднината на Украина, поради што многумина овие избори ги оценуваат како историски за Германија, но и за Европа.
Германскиот изборен систем ретко произведува апсолутно мнозинство, а според прогнозите во овој циклус ниту една од партиите нема ни приближно шанси за чиста победа. Се очекуваат долги тешки преговори за коалиција која би била формирана од две или повеќе партии.
Изборите се одржуваат седум месеци пред законски предвиденото, откако трипартиската коалиција на левичарскиот канцелар Олаф Шолц се распадна, по што беа закажани вонредни избори.