Во петокот Трамп ги обвини за “подесување” на мигрантнските каравани и испраќање на нив на север. Според него, тој најверојатно ќе ја затвори границата со Мексико ако имигрантите не запрат.
Портпаролот на Стејт департментот изјави дека ја спроведува директивата на Трамп, која ги отстранува програмите за помош на трите Централноамериканската нации , познати како Северент триаголник.
Одделението додава дека ќе има “посветеност на Конгресот во процесот”, дека ќе е потребно одобрување , за да се стави крај на финансирањето, околу 700 милиони долари.
Трамп објасни за новинарите од своето одморалиштето Мар а Лаго во Флорида, дека САД им плаќаат на трите земји “огромни суми пари”, но не добиваат ништо за возврат.
Марио Гарсија, 45-годишен ѕидар во Ел Салвадор , изјави дека заминува од САД, независно од заканата на претседателот дали ќе ја затвори границата. ” Тука нема работа и ние сакаме да ги подобриме своите животи за нашите семејства , за нашите деца. Не ми е гајле што вели Трамп , решен сум”, коментира Гарсија.
Владата на Салвадор соопшти дека се обидела да го спречи протокот на мигранти . Одделот за надворешни работи на Хондурас рече дека политиките на САД се “контроверзни “, но истакна дека односите со САД се “цврсти, блиски и позитивни”.
Секретарот за внатрешна безбедност Кирстјан Нилсен и други официјални претставници на САД тврдат дека офицерите од граничните патроли се преоптоварени од нагло зголемување на барателите на азил , многу од нив се деца и семејства кои пристигнуваат во групи бегаат од насилство и економски тешкотии во Северниот триаголник.
Нилсен го предупреди Конгресот дека владата се соочува со “крах на целиот систем “, бидејќи се обидува да се грижи за повеќе од 1 200 непридружувани деца и 6600 имигрантски семејства кои се во притвор .
Не е јасно како затворањето на границата ќе ги одврати барателите на азил , бидејќи тие можат легитимно да побараат помош веднаш штом ќе влезат во САД.
Затворањето на границите сепак ќе наруши туризмот и трговијата меѓу САД и Мексико , кои во текот на минатата година изнесуваат 612 милијарди долари , според Бирото за попис во САД.
Затворањето може да резултира со затворање на фабриките од двете страни на границата , велат официјалните претставници на индустријата, бидејќи автомобилски и медицински сектори имаат меѓународни синџири на снабдување во нивните бизнис модели.