
Претседателот на САД Доналд Трамп ја нападна Хилари Клинтон, која беше негов ривал за претседателските избори во САД во 2016 година. Тој на Твитер објави две пораки во кои ја обвинува дека “потрошила многу пари”, но ја “изгубила играта” за претседателските избори, објави The Hill.
“Измамената Хилари Клинтон го обвинува секој друг (и сите), освен себеси за поразот на изборите”, напиша Трамп.
“Таа ги изгуби изборите и ја изгуби нејзината насока!” “Очајанците се вратија за да ја следат Хилари.
Тие ги изразија своите чувства јасно и гласно. Таа потроши многу пари, но, конечно, ја изгуби играта! “, додаде тој, преку втората порака објавена на социјалната мрежа Твитер.
Нападите на американскиот претседател доаѓаат само еден ден откако книгата на Хилари Клинтон “Што се случи” беше пуштена во продажба. Во неа поранешната прва дама ги опишува настаните околу претседателската кампања на САД во 2016 година.